Она што вчера им се случи на нашиот стратег Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва, тоа денеска истото го доживеаја нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан. Тие се елиминирани уште во четвртфиналето на ВТБ Суперкупот и тоа изненадувачки од Нижни Новгород со 86:82.
Актуелниот првак во ова руско натпреварување,иако беше голем фаворит сепак на крајот беше поразен.
Македонскиот репрезентативец забележа 16 поени, но и тој се вклопи во сивилото на својот тим.