Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити навистина нема среќа на почетокот на новата сезона во која повторно ќе оди на “триплета“. Имено денеска на прес тој истакна дека на списокот на повредени е и Бернардо Силва.
“За среќа, не се работи за некоја потешка повреда. Бернардо Силва ќе отсуствува десет дена. Тој се повреди на средбата со Ц. Звезда. Така е тоа. Кога играш малку мечеви има малку повреди, кога играш многу мечеви тогаш имаш многу повреди“ констатира Пеп.
Инаку Бернардо Силва е петтиот важен играч на Пеп кој од стартот на сезоната се повредува. Претходно се повредија Де Брујне, Ковачиќ, Стоунс и Грилиш.