Штутгарт го совлада „фенерџијата“ за четврта победа во Бундес лигата

39

Екипата на Штутгарт ја забележа четвртата победа во петтиот меч во Бундес лигата, а вечерва на домашен терен го совлада Дармштат со 3:1. „Швабите“ имаат само еден пораз од РБ Лајпциг, а другите им се победи.

Гостите поведоа со автогол на Загаду, но Штутгарт бргу ја исправи грешката. Со головите на Милот и Ѓираси го свртеја резултатот. Во второто полувреме победата ја запечати Ѓираси со својот втор гол на мечот.

Штутгарт идното коло игра со Келн, а Дармштат, кој е последен на табелата, игра со Вердер.

 

ПретходноЗагина поранешна олимписка шампионка – полицијата објави дека паднала од 17-ти кат
СледноЛече првпат е без пораз по првите пет меча во Серија А