Aл Наср го доби дербито со Ал Ахли, Роналдо постигна два гола и имаше „епско“ промашување

435

Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Ал Наср над Ал Ахли во Премиер лигата на Саудиска Арабија. Ал Наср славеше со 4:2, Роналдо покрај двата гола имаше и едно неверојатно промашување во деветтата минута.

Роналдо се најде сам пред празен гол и место мрежата ја затресе стативата, нешто несвојствено за него.

Другите два гола за Ал Наср ги постигна Талиска, а за гостите прецизни беа Франк Кеси и Ријад Марез.

За Ал Наср ова е петта победа сезонава и има 15 бода. Ал Ахли исто така има 15 бода.

 

ПретходноА платен е 200 милиони евра годишно: Потегот на Нејмар кој ги разгневи фановите во С. Арабија! (ВИДЕО)
СледноЗагина поранешна олимписка шампионка – полицијата објави дека паднала од 17-ти кат