„Таткото“ на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски уште еднаш покажа дека МЗТ Скопје е светост за него, исто како и за сите жители на оваа населба. Својата работна посета на Њујорк, Муцунски ја искористи за промоција на македонскиот првак. Тој оствари средба со градоначалникот на Ерик Адамс и на истата му подари дресот од МЗТ Скопје.
„Од моја страна на градоначалникот на Њујорк, кој е домаќин на овој настан и истовремено голем фан на кошарката му врачив дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје.
Плаво белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство“, пиша Муцунски на својата официјална „Фејсбук“ страница.