Муслиу “закачил“ вирус, затоа не е во тимот на Падерборн!

197

Висар Муслиу, нашиот репрезентативен стопер не е во тимот на Падерборн, не е ни на клупата на гостувањето кај Магдебург, меч кој само што започна. Малку чудно ако се знае дека по суспензијата, нашиот стопер беше стартерво тимот на последните неколку мечеви.

Сепак нема место за некаква паника. Како што дознаваме, Муслиу “закачил“ вирус кој му задава проблеми во изминатите неколку денови. Денеска се чувствувал подобро, но сепак недоволно за да се најдево тимот на Падерборн на ова гостување кај Магдебург.

ПретходноНено и Уникс по стапките на Рајковиќ и ЦСКА, елиминирани во ВТБ Суперкупот!
СледноДобра вест за тренерот Нухиу: Шкендија посилна за Шаља, кој се врати во тимот по повредата!