Барселона и тренерот Чави Ернандез ја продолжија соработката до јули 2025 година, пренесува официјалниот клупски веб-сајт. Новиот договор опфаќа и опција за продолжување на уште една година.
Чави стана тренер на Барселона во ноември 2021 година, а претходниот негов договор истекуваше во јули 2024 година. Во 96 меча под негово раководство, каталонскиот тим победи на 61 меч, ремизираше на 16 и загуби 19. Барса минатата сезона ја освои шампионската титула и шпанскиот Суперкуп.
It’s official: Xavi 2025 ✍️ pic.twitter.com/h5U6CX1NIP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 22, 2023