Цибона отиде под стечај, дали се менуваат работите за МЗТ Скопје?

1096

Најтрофејниот хрватски клуб и еден од најтрофејните на просторот на некогашна Југославија и официјално отиде под стечај.

Сметката на Цибона веќе 120 дена е во блокада, неодамна од раководството најавија дека ќе почнат со трансформација во спортско акционерско друштво. Тие имаат 45 дена да ги уверат надлежните институцуу дека можат да го извадат тимот од оваа тешка ситуација. Долгот на Цибона изнесува пет милиони евра.
Со оглед на тоа што два милиони евра долг може да се претворат во акции на идното спортско акционерско друштво, износот на вкупниот долг може да се намали на околу три милиони евра.

Освен од финансиската страна, клубот не изгледа добро ниту од играчка страна. Поради блокадата, ФИБА во моментов не може да регистрира нови играчи, па во моментов има само пет професионални играчи.Цибона во новата сезона е дел од АБА-лига, но доколку не успее да ги надмине овие проблеми би можело да дојде и до промена.

Следен тим кој би можел да го потполни местото на хрватскиот клуб е МЗТ Скопје. Македонскиот првак е во плановите на АБА2-лига, останува да видиме дали постои можност доколку Цибона не се исправи на време да влета во последен час.

ПретходноМареј: Ниту Надал, ниту Федерер го немаат тоа што го има Ѓоковиќ
СледноАргентинецот откри нови детали: ПСЖ со срамно однесување кон Меси по Мундијалот!