Артета пред дербито со Тотенхем: Ова е најважниот меч за Арсенал во сезоната

90

Утре во рамките од новото коло во Премиер лигата на програмата е големото дерби на Лондон помеѓу Арсенал и Тотенхем. Истото стартува од 15 00 часот, а на денешната официјална прес конференција пред дуелот, менаџерот на Арсенал, Микел Артета отворено изјави дека ова е најважниот меч за неговиот тим сезонава.

Тотенхем има нов менаџер кој работи добро и ја промени целокупната атмосфера во и околу клубот. Постекоглу воведе и нов стил на игра и мораме да се прилагодиме на него“, вели Артета па додава. „Навистина ми се допаѓа како менаџер. Лично ги знам играчите на Тотенхем и сите имаат само пофални зборови за него“ – вели Артета.

„Хери Кејн повеќе не е дел од Тотенхем, но ете гледате дека неговото заминување направи да останатите играчи ги покажат своите квалитети во целост. Ќе се обидеме да им направиме проблеми, затоа што за нас ова е најважниот меч во сезоната“ – кажа првиот човек на струката во Арсенал.

ПретходноЕвропскиот сон на чаирчанки брзо згасна
СледноЏирона ја „растури“ Мајорка и врза пет победи по ред