Црната серија на Манчестер Ј. заврши со минимална победа на гостувањето кај Барнли во меч од 6. коло во Премиер лигата. Вечерва на „Тарф Мур“ избраниците на Тен Хаг славеа со 1:0 против екипата на Барнли, благодарение на голот на Бруно Фернандеш постигнат во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Претходно, Јунајтед успеа да погоди и преку Џони Еванс, но тој гол беше поништен поради офсајд. До крајот на мечот и двата тима пропуштија по неколку одлични можности за погодок.
За Манчестер Ј. ова е трета сезонска победа во Премиер лигата и најважно, победа која ја прекина низата од три последователни порази во сите натпреварувања.