ВМФЛ: Беса го “реши“ Кожув и повторно е лидер, Марио Станковски го урна Детонит, инцидент во Куманово! (ВИДЕО)

1712

Беса во дербито на 6.коло во ВМФЛ успеа да го победи Кожув со 2:0, и со тоа да се најдена лидерската позиција на табелата. Домашниот состав, инаку мечот се играше во Врапчиште, беше подобар, Емини го откри резултатот, а потоа Беса даде уште еден гол ,сосема доволно за победа и три златни бода.

Тетекс изненадувачки го “торпедираше“ Детонит со 4:0, а херој на тетовци беше Марио Станковски кој беше стрелец на првите два гола,посебно убав беше првиот постигнат со глава. Во Куманово инциденти, Башкими во финишот прими гол за 2:2 и пото следуваше хаос на теренот, имаше од се помалку. За среќа мечот како така беше приведен до крај.

Пелистер губеше од Караорман со 0:1,но на крајот успеа да победи со 4:1. Охрид го совлада Скопје со 1:0, а Победа и Новаци одиграа 1:1. Осогово дојде до првата победа, славејќи над Беасица со 3:1.

РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО

АРСИМИ – ВАРДАР (Н) 1:0

БАШКИМИ – САСА 2:2

БЕСА –КОЖУВ 2:0

ОХРИД – СКОПЈЕ 1:0

ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА 3:1

ПЕЛИСТЕР – КАРАОРМАН 4:1

ПОБЕДА – НОВАЦИ 1:1

ТЕТЕКС – ДЕТОНИТ 4:0

ТАБЕЛА

Беса 15,Кожув 15, Пелистер 13, Детонит 13…

 

 

ПретходноРекордер – За 39 дена променил четири клубови
СледноБаерн со „седумка“ за Бохум, Хари Кејн со хет-трик