Прилеп го доби дуелот против Вардар Неготино со убедливи 30-22 за втор триумф оваа сезона. Домашниот тим со серија од 8-1 во моментите кога се „кршеше“ мечот успеа да го реши жилавиот противник.
Ова беше доста интересен натпревар. Прилепчани отворија со 6-2, но гостите брзо одговорија на оваа серија, дојдоа на 6-5 и најавија израмнета битка, на одморот беше 14-14.
Во второто полувреме, Прилеп на момент имаше плус два, но гостите брзо израмнуваа се до важните минути кога паднаа целосно и му дозволија на противникот да дојде до убедлива победа.
Шабановиќ имаше седум гола, еден помалку запиша Рајатовски кај победникот. На другата страна Адамовиќ со 11 гола беше прв стрелец на мечот.