Сасуоло го “тресна“ Јуве, гостите си дадоа невиден автогол во 90+5.минута! (ВИДЕО)

431

 

Изненадување на “Мапеи“. Домашниот Сасуоло со 4:2 просто го “тресна“ бледиот Јуве и со тоа му го нанесе првиот пораз сезонава. Интересно е тоа што Сасуоло двапати водеше, но Јуве двапати го израмнуваше резултатот и тогаш во 82.минута Пинамонти по еден соло продор го постигна третиот гол за својот тим. А во 90+5.минута гостинскиот дефанзивец Гати си постигна невиден автогол за конечни 4:2. Ова беше еден од најбизарните автоголови во поново време кое си го дал Јуве.

Инаку Сасуоло поведе во 12.минута со голот на Лауренте, додека Јуве израмни со автоголот на Вина во 21.минута.

Домашните одново поведоа и тоа во 41.минута со голот на Берарди. Но Јуве повторно израмни, сега со голот на Киеза во 78.минута, но и тоа не беше доволно барем за бод за гостите од Торино.

Интересен податок на крај. Ова е трета победа на Сасуоло на последните шест меча со Јуве.

ПретходноПелистер до втора убедлива победа во само два дена
СледноПрилеп со фуриозна серија го реши Вардар Неготино