Атанасов: Ова беше зацртан трофеј, целите се јасни – победа на секој меч!

177

МЗТ Скопје Аеродром денеска успеа да го освои првиот трофеј во новата сезона, откако по шестипат во историјата го крена в раце пехарот наменет за најдобриот во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“.

Задоволството од победата не го криеше и предводникот на „штрковите“, Васко Атанасов:

„Имавме едно лошо прво полувреме во напад и во одбрана, но во вториот дел бевме доста подобри и дојдовме до посакуваниот трофеј. Честитки до мојата екипа за победата и за трофејот кој ни беше зацртан да се освои. Целите се јасни за нас оваа сезона, одиме на секој меч на победа и на домашната сцена и во АБА-2 и се надевам на успех“, изјави тој по средбата.

ПретходноСезоната за МЗТ Скопје може да почне – „Еден од три“ (ФОТО)
СледноОна кога за противничкиот тренер си БОГ! (ФОТО)