Барселона ќе остане без Де Јонг за „Ел Класико“?

272

Холанскиот играч за врска на екипата на Барселона, Френки де Јонг ризикува подолга пауза од фудбалските терени откако вечерва се повреди уште во првото полувреме на мечот со Селта во Ла Лига. Имено тој ја напушти играта во 36. минута поради повреда на зглобот.

Шпанските медиуми по мечот пренесуваат дека вестите од лекарите на тимот не се охрабрувачки. Повредата е сериозна и Де Јонг би бил среќен со пауза од само неколку месеци.

Ако се потврдат шпекулациите, Барселона нема да може да смета на Де Јонг за натпреварите во Лигата на шампионите, а сигурно и за „Ел Класико“ натпреварот против Реал Мадрид во октомври.

ПретходноСупер-Куп трофејот останува во Аеродром: МЗТ Скопје со еден „удар“ го реши Феникс (ФОТО)
СледноСезоната за МЗТ Скопје може да почне – „Еден од три“ (ФОТО)