Буњамин Шабани: Нема да биде лесно со Работнички, но Струга ТЛ ќе оди на победа!

110

Утре во рамките на 8.коло во ПМФЛ, шампионот на свој терен го дочекува составот на Работнички. По триумфот минатата недела во Штип, и тоа против Брегалница со 1:3, атмосферата во таборот на Струга ТЛ е победничка, капитенот Буњамин Шабани во пресрет на утрешниот дуел најавува дека ќе се оди на победа.

„Таа победа во Штип ни беше многу важна, а утре не чека уште еден голем предвизвик. Ни доаѓа на гости Работнички, силен тим кој во целост го респектираме. Ние како шампиони одиме на победа, ветуваме дека ќе го дадеме својот максимум. Посакуваме и утре да триумфираме, како и на останатите три меча кои допрва треба да ги играме и со тоа да се вратиме во битката за титулата“ изјави играчот за врска на Струга ТЛ.

ПретходноСевиља без Серхио Рамос до бод кај Осасуна!
СледноСуперкуп “Драган Василов – Цевка“ 2023: Баскет Кам со убедлив триумф до втора титула!