Беса во дербито на 6.коло во ВМФЛ успеа да го победи Кожув со 2:0, и со тоа да се најдена лидерската позиција на табелата. Домашниот состав, инаку мечот се играше во Врапчиште, беше подобар, Емини го откри резултатот, а потоа Беса даде уште еден гол ,сосема доволно за победа и три златни бода.
Тетекс изненадувачки го “торпедираше“ Детонит со 4:0, а херој на тетовци беше Марио Станковски кој беше стрелец на првите два гола,посебно убав беше првиот постигнат со глава. Во Куманово инциденти, Башкими во финишот прими гол за 2:2 и пото следуваше хаос на теренот, имаше од се помалку. За среќа мечот како така беше приведен до крај.
Пелистер губеше од Караорман со 0:1,но на крајот успеа да победи со 4:1. Охрид го совлада Скопје со 1:0, а Победа и Новаци одиграа 1:1. Осогово дојде до првата победа, славејќи над Беасица со 3:1.
РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО
АРСИМИ – ВАРДАР (Н) 1:0
БАШКИМИ – САСА 2:2
БЕСА –КОЖУВ 2:0
ОХРИД – СКОПЈЕ 1:0
ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА 3:1
ПЕЛИСТЕР – КАРАОРМАН 4:1
ПОБЕДА – НОВАЦИ 1:1
ТЕТЕКС – ДЕТОНИТ 4:0
ТАБЕЛА
Беса 15,Кожув 15, Пелистер 13, Детонит 13…