Алекс Маркез и Лука Марини поради повреди ќе ја пропуштат трката за Големата награда на Индија во Мото ГП.
Возачот на BP46 се судри со Марко Безеки за време на саботниот спринт и, за разлика од неговиот партнер, не можеше да продолжи да се натпреварува. Марини веднаш бил пренесен во медицинскиот центар, каде со преглед е утврдено дека има скршеница на клучната коска. Возачот е префрлен во болница, каде што ќе биде подложен на подлабок и потемелен преглед.
Со оглед на природата на повредата, голема е веројатноста Марини да ја пропушти и трката за ГН на Јапонија, која ќе се одржи за една недела.
Претходно и Алекс Маркез се повлече од трката за Големата награда на Индија. Возачот на Гресини имаше несреќа на крајот од првиот квалификациски сегмент и доби скршеници на три ребра на левата страна.