Евертон ја прослави првата победа во новата сезона (ВИДЕО)

51

Фудбалерите на Евертон го победија Брентфорд на гости со 3:1 во шестото коло од Премиер лигата и со тоа ја остварија првата победа сезонава. Гостите поведоа преку Дукуре уште во 6. минута, по што домашните успеаја во 28. Минута да стигнат до израмнување со голот на Јенсен.

Сепак во вториот дел по неколкуте промени кои ги направија гостите од Ливерпул, Евертон се врати со два гола со кои дојде и до трите бода.

Најпрво Тарковски по корнер погоди со глава за 1:2, за конечните 1:3 да ги постави Калверт-Луин во 71. минута.

ПретходноТалески со два гола за победа на Бенфика, триумф и на Митревски
СледноСпектакуларен пресврт: Барса за 8 минути постигна три гола и ја победи Селта (ВИДЕО)