Кога нема кој и Маунт е добар на десно крило

252

Тимот на Манлестер Јунајтед денеска гостува на многу тежок и незгоден терен, кај Барнли. Јунајтед не е во ситуација повеќе да разфрла бодови, ниту пак да игра лошо, како што тоа го прави веќе извесен период. ж

Што се однесува до составот, менаџерот Ерик Тен Хаг има многу главоболки па решение за еден од проблемите гледа во Мејсон Маунт. Играчот за врска вечерва многу веројатно ќе стартува како десно крило од проста причина што Јунајтед на оваа позиција во моментов го има на располагање само младиот Пелистри. Тој не е доволно искусен за да се справи со предизвикот во континуитет да игра прва постава, а тоа веќе го стори на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите. Антони и Санчо се во аут поради суспензии, Диало има повреда на коленото.

Сето ова го става во позиција Тен Хаг да се потпре на Маунт како крило кој во досегашната кариера пред се во тимот на Челзи има такво искуство. Деновиве на Олд Трафорд ова било главна тема, дали Маунт може да одговори на оваа задача што дебата која завршила со позитивен одговор.

 

ПретходноБрза рехабилитација на Охрид во Куманово
СледноЕвропскиот сон на чаирчанки брзо згасна