Кука е нов напаѓач на Шкупи

713

Екипата на Шкупи од денеска е посилен за напаѓачот од Гана, Исак Кука кој доаѓа на позајмица од еден од прволигашите во оваа земја.

Напаѓачот има 21. година, а на последните 40 мечеви за тимот на Хартс оф Оук има постигнато 14 гола.

„Многу сум задоволен што ми се оствари желбата да бидам дел од голем тим. Знам дека Шкупи низ годините има победувано многу и има освојувано титули. Клубот бил дел од сите елитни Европски натпреварувања, а јас сум тука за да играм најдобро што можам, да постигнувам голови, и да му помогнам на Шкупи да ги оствари своите цели. Сакам да нагласам дека сум одлично примен од моите соиграчи, сите се одлични домаќини“ – изјави Кука. 

ПретходноТрет Американец во редовите на Кожув
СледноВардар 1961 лесно се справи со младиот состав на Пролет