Младата репрезентативка на Украина, Елена Михаилотенко, е новото засилување во женскиот одбојкарски прволигаш, Наковски волеј од Струмица.
Како што потврдија од клубот, Михаилотенко доаѓа како засилување на блокерската позиција и ќе биде добро освежување за претстојната одбојкарска сезона.
Станува збор за 2- годишна одбојкарка, која има настапувано во силни одбојкарски клубови во Словачка и Чешка како и за младата репрезентацијата на Украина. Украинката веќе е дел од тренинзите на Наковски волеј и полека се вклопува во тимот за новата сезона.