Лацио не успеа да слави на домашен терен против Монца во вечерашниот меч од 5. коло во Серија А. „Римските орли“ одиграа само 1:1 и гоз апишаа првото овосезонскореми во првенството, кое ги остава во долниот дел на табелата.
Со голот на Чиро Имобиле од пенал во 12. минута, Лацио успеа да обезбеди предност, но не и да ја зачува во првиот дел од натпреварот. Гостите со голот на Гаљардини во 36. минута израмнија и со овој резултат заминаа на пауза.
Во вториот дел Лацио не успеа да искреира ниту една добра шанса за погодок и остана без упатен удар кон противничкиот гол. Римјаните по ова коло останаа со 4 бода на 15. место на табелата, додека Монца има бод повеќе и пласман на 13. позиција.