Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал неодамна изјави дека 2024 година ќе биде последна година во која ќе се натпреварува. Во својата богата кариера тој освои 22 Грен слем титули, а неговата најголема желба е да настапува ОИ во Париз.
Но, за да го оствари ова ќе мора да најде начин како да го заобиколи правилото на ИТФ, кое вели дека еден тенисер ќе може да настапи за својата земја само доколку во последните две години играл на Дејвис Купот. Надал не настапуваше на Дејвис Купот, па токму затоа не би смеел да настапи на ОИ.
Сепак постои надеж. Роџер Федерер се најде во иста ситуација пред ОИ, со помош на швајцарската тениска федерација, успеа да се избори за настап во Токио.
Земајќи го во предвид авторитетот кој Надал го има во светот на тенисот, и тој како Федерер може да добие зелено светло и да настапи на ОИ. Надал сака тоа да го стори со Карлос Алкараз, кој исто така засега според правилата нема право да настапи во Париз.