Иако не блеска, иако не игра како во своите најдобри денови, сепак Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола и ваков е тим кој си “гази“ се по ред. Па така денеска на „Етихад“ падна и Нотингем Форест со 2:0 за европскиот првак. Ова значи дека Сити сега има шест од шест на стартот во Премиерлигата, сосема доволно и натаму да господари со врвот на табелата.
Стрелци на головите беа Фоден во 7.минута и Халанд во 14.минута. Ова за Норвежанецот беше осми гол во оваа сезона. Мала дамка на победата е црвениот картон на Родри во 46.минута поради неспортско однесување.
На другите два меча беше нерешено. Кристал Палас и Фулам одиграа без голови а мечот Лутон – Вулверхемптон заврши 1:1.