Александар Трајковски со победа дебитираше во дресот на Хајдук. Македонскиот репрезентативец влезе од клупата на средбата со Локомотива Загреб и на крајот се радуваше на победа од 1:0, со која сплиќани ја прекинаа серијата негативни резултати во пресрет на дербито со Динамо Загреб кое е закажано за 1 октомври.
Трајковски доби шанса во 58. минута, а домашните победничкиот гол го постигнаа во 76. минута преку Сахити.
За екипата на Локомотива (З) заигра и нашиот 18-годишен интернационалец Фета Фетаи.