Хаос на мечот во Бугарија, тренерот на ЦСКА Софија погоден во глава

359

Нестор Јевтиќ или сега попознат како Нестор Ел Маестро, тренерот на ЦСКА Софија синоќа беше погоден во глава со тврд предмет откако неговиот тим победи со 2:1, на дуелот со Ботев.

Пловдив според медиумите во Бугарија одсекогаш бил лошо место за гостување, што се потврди и вчера, а навивачите на Ботев извикуваа и расистички односно фашистички пароли.

Напаѓачот од Хаити, Дакенс Назон на социјалните мрежи напиша.

„НА трибините имаше десетгодишно дете кое извикуваше расистички пароли. Следниот пат младо момче донеси го татко ти па нему ќе му кажам што мислам за тоа“ – напиша тој Дакенс.

ПретходноСУПЕР-КУП 2023: МЗТ Скопје со една и единствена цел против Феникс
СледноШК Алкалоид загуби минимално од репрезентацијата на Италија