Шокантни вести: Деа Хеа размислува за крај!

179

Давид де Хеа би можел да стави крај на својата кариера доколку не добие понуда за прв голман во врвен тим, открива „The Guardian“.

Шпанецот својата кариера ја почна во Атлетико Мадрид, а Манчестер Јунајтед го донесе во 2011 година за 25 милиони евра. Де Хеа на голот на „црвените ѓаволи“ мина 12 години, а по истекот на соработката тој остана слободен играч.

Иако се чинеше дека ќе замине во Реал Бетис, сепак нема ништо од тоа. Тој со месеци одбива неколку понуди меѓу кои и богатите од Саудиска Арабија. Парите не се мотиватор, тврди англискиот медиум, чека понуда и тим каде ќе има главна улога и ќе се бори за трофеи.
Со Јунајтед освои бројни трофеи и признанија. Има 45 настапи за шпанската репрезентација, а во овој момент неговата вредност е 13 милиони евра.
ПретходноГолден Стејт го одби ветерaнот
СледноМакс Верстапен со пол-позиција во Јапонија