Вардар 1961 лесно се справи со младиот состав на Пролет

126

Вардар 1961 ја оправда улогата на фаворит против Пролет, на домашен терен славеше со убедливи 31-20 во рамките на третото коло во Супер-лигата. Со овој триумф, најтрофејниот ракометен тим остана перфектен во групата Б, додека на другата страна Пролет го запиша првиот пораз.

Домашниот состав поведе со 8-3, па со серија од 5-0 дојде на плус осум (13-5), највисоката предност беше девет гола 15-9. На одморот резултатот беше 16-8 во корист на Вардар 1961.

Сликата не се промени, младиот состав на Пролет беше инфериорен во однос на добро поткованиот ростер на Вардар 1961. Дојде и двоцифрена предност (27-17), која пак за поискусниот тим не беше тешко да се одржи. На крајот „црвено-црните“ слваеа со 31-20.

Петриќ имаше седум гола, шест запиша Родригез. На другата страна Мајнов и Василевски имаа по четири погодоци.

ПретходноКука е нов напаѓач на Шкупи
СледноХрватска апси навивачи на Динамо по налог на Грција