ВМФЛ: Максималниот Кожув кај Беса ќе оди на шест од шест, Пелистер пред лесни три со Караорман, Детонит гостува под Шара!

432

 

Денеска од 15 часот се играат сите осум мечеви од 6.коло во ВМФЛ. Секако дека дербито се игра во Врапчиште каде Беса го дочекува лидерот Кожув, тоа е тимот кој на општо изненадување има досега максимални пет победи во исто толку одиграни мечеви. Гевгеличани се вистински хит во досегашниот дел од сезоната, а минатиот викенд славеа и против Пелистер. Беса сака по секоја цена триумф, додека Кожув ќе оди на шест од шест. Нема дилеми дека ова ќе биде меч за уживање.

Пелистер по поразот во Гевгелија против Караорман ќе бара рехабилитација. Се чини дека освен лесни три бода за тимот на Влатко Костов се друго ќе биде рамно на сензација. Вториот на табелата, тимот на Детонит има тешко гостување под Шара кај Тетекс. Но во случај на триумф тогаш тимот од Радовиш,кој е осоколен попобедата над Беса минатата недела, може да биде и прв, се разбира ако гевгеличани не дојдат до трите бода против Беса.

На останатите мечеви Беласица не би требало да ими проблеми со премногу слабиот Осогово, Охрид го дочекува Скопје, Арсими игра со Вардар (Н), Башкими очекува нови бодови против Саса, а Победа се среќава со Новаци.

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Охрид – Скопје

Арсими – Вардар (Н)

Пелистер – Караорман

Беса – Кожув

Тетекс – Детонит

Башкими – Саса

Победа – Новаци

Осогово – Беласица

ТАБЕЛА

Кожув 15, Детонит 13, Беса 12, Пелистер 10, Беласица 9, Башкими 9, Новаци 9, Охрид 7, Победа 7, Арсими 6, Вардар (Н) 6, Тетекс 6, Караорман 3, Саса 1, Осогово 0…бодови

ПретходноМакс Верстапен со пол-позиција во Јапонија
СледноИзненадувачки: Роналдо одлучи каде ќе ја заврши кариерата