Европскиот сон на чаирчанки брзо згасна

78

Екипата на Чаир е убедливо поразена на домашен терен од Венло во првата фаза од битката за место во Европскиот Куп на ЕХФ. Македонскиот тим одигра спротивно од желбите, беше совладан со 26-39 и на реванш мечот кој се игра за седум дена ќе го „брка“ невозможното.

Неизвесност не постоеше бидејќи гостинските ракометарки мечот го решија по само 30 минути. Отворија со 1-6, па воедоа со 2-10. Венло многу рабо дојде и двоцифрена предност од 4-14 која дополнително ја отежна мисијата на чаирчанки.

Во вториот дел не се промени ништо. Холандскиот состав доминираше на теренот, додека пак македонскиот претставник беше нешто подобар од првото полувреме, но тоа секако не беше доволно за да извлече позитивен резултат.

Николоска и Дукоска постигнаа по пет гола кај Чаир.

ПретходноКога нема кој и Маунт е добар на десно крило
СледноАртета пред дербито со Тотенхем: Ова е најважниот меч за Арсенал во сезоната