МЗТ Скопје со трофеј тргна во новата сезона. Актуелниот македонски првак е победник на годинешното издание на Супер-Купот „Драган Василов – Цевка“, го совлада Феникс со 76-54 и дојде до шестиот трофеј во ова натпреварување.
Со овој трофеј, МЗТ Скопје тргна да чекор кон остварување на целите за новата сезона, а тоа е одбрана на двете титули.