Утре со почеток од 21 00 часот во Мадрид се игра големото гратско дерби помеѓу Атлетико и Реал. „Јорганџиите“ се домаќини, а на официјалната прес конференција пред мечот, тренерот на Атлетико Чоло Симеоне во негов стил без премногу респект кон било кој јавно ги прозва арбитрите на дуелот.
„Мора судијата да го оставиме во мир да си ја заврши работата. Тој е навистина одличен арбитар и секако дека и не му ќе му биде драго ако на терен соработува со играчите. Не смееме да се бавиме со него, туку со нашата игра и како да одиграме најдобро што можеме. Сите екипи имаат проблеми со повредени, па и ние. Многу мечеви се на програмата, убаво е кога не мораш да менуваш но мораш и да се прилагодуваш. Немам што да искоментирам околу податокот дека имаме само една победа во последните 14 мечеви со Реал. Статистиката е јасна и нема потреба да се коментира истата“ – рече Симеоне.