СУПЕР-КУП 2023: МЗТ Скопје со една и единствена цел против Феникс

130

МЗТ Скопје и Феникс вечерва (19:30 часот) во СРЦ „Кале“ ќе ги вкрстат копјата за првиот пехар пред почетокот на новата сезона, а тоа е во Супер-Купот „Драган Василов – Цефка“.

За разлика од минатата година, актуелниот македонски првак направи промени во ростерот, но оние клучни алки од домашни и искусни кошаркари ги задржа. Тука е двоецот Дамјан и Војдан Стојановски, а под обрачите Бојан Крстевски. Наподолнети со млади играчи и странци, МЗТ Скопје и во новата сезона ќе атакува на врвот.

„МЗТ Скопје Аеродром, нормално, ја прифаќа фаворитската улога. И секако ќе даде се да дојде до трофејот, кој ќе ни биде дополнителен мотив за остварување на целта во останатите натпреварувања што не очекуваат.

Суперкупот е специфичен натпревар, кој доаѓа непосредно пред официјалниот старт на сезоната и кој не секогаш го дава реалниот однос на силите помеѓу ривалите. Поради ова и е толку интересен, а секако и многу важен“, вели тренерот на МЗТ Скопје Васко Атанасов.

Промени има и во Феникс, си заминаа Јанески, Петков и Хот, момците кои лани беа главен дел од изненадувачките победи на тимот.

„Полека се воигруваме, сепак во тимот имаме доста нови играчи, и извесно е дека е потребно време за ‘да се најдеме’. Во тимот имаме и некои нови млади момци како Зетов, Стојковиќ, но и Димитриевски, Стојановски, плејада на таленти кои треба да го заземат местото на оние кои веќе не се со нас. Што се однесува до овој натпревар, наше е да излеземе, да играме најдобро што можеме, а резултатот ќе го видиме на крајот. Фаворитската улога му ја препуштам на МЗТ Скопје, екипа со најголем буџет во македонското првенство во сеозната која е пред нас“, изјави Денис Дервишевиќ.

МЗТ Скопје има пет трофеи во ова натпреварување, додека пак Феникс оди по првиот.

УПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА „ДРАГАН ВАСИЛОВ – ЦЕВКА“

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ-МАЖИ:

2000: Никол Ферт – Гостивар

2001: Работнички – Скопје

2002: Никол Ферт – Гостивар

2003: МЗТ Скопје – Скопје

2004, 2005, 2006: не се одржа

2007: Струмица 2005 – Струмица

2008, 2009, 2010: не се одржа

2011: Работнички – Скопје

2012, 2013, 2014: не се одржа

2015: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2016: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2021: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2022: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2023: ???

ПретходноРафаел Надал нема право да настапува на ОИ во Париз?
СледноХаос на мечот во Бугарија, тренерот на ЦСКА Софија погоден во глава