Трет Американец во редовите на Кожув

143

Кожув на својот состав додаде уште едно странско засилување со кое го комплетира составот за новата сезона.

Се работи за американецот Џино Артисон кој игра на позицијата крилен центар и како што велат од гевгелискиот табор се очекува да биде од голема помош под кошевите.

Тој играл во НЦАА-лигата, по што заминал во Луксембург каде бележел 23.4 поени и 9.8 скокови во просек. Настапувал и во Британија и Јапонија. Во последната сезона бележел 13.2 поени просек и 6.5 скокови.

Ова трет Американец во редовите на тимот предводен од Александар Јончевски.

ПретходноСимеоне пред утрешното дерби на Мадрид: Мора судијата да го оставиме да си ја врши работата
СледноКука е нов напаѓач на Шкупи