Хорхе Мартин победи на спринтот во Индија

80

Возачот на Дукати, Хорхе Мартин е победник на првата спринт трка во Индија во рамките на Мото ГП шампионатот. Шпанецот беше побрз од Франческо Бањаја и од Марк Маркез кои ги заземаа второто и третото место.
Мартин оствари време од 19 минути 18.836 секунди, Бањаја имаше 1.389 секунди послабо време.
Четвртата позиција му припадна на Брад Биндер, а петтата на Марко Безеки кој на стартот беше 17-ти, а успеа да стигне до топ 5.
Следуваат Квартараро, Милер, Вињалес, Раул Фернандез…
Утре повторно се вози на истата патека со почеток од 12:00 часот.
Во генералниот пласман води Мартин со 259 бодови, а втор е Безеки со 223, потоа е Биндер со 179.

ПретходноХрватска апси навивачи на Динамо по налог на Грција
СледноБрза рехабилитација на Охрид во Куманово