Екипата на ПСЖ им се врати на победите по поразот од Ница во минатото коло во францускиот шампионат. Бранителот на титулата славеше против Марсеј со 4-0 во рамките на шестото коло.
Оваа победа оди во сенка на повредата на Килијан Мбапе кој мораше да го напушти теренот во 32. минута.
Kylian Mbappé was subbed off with an injury for PSG tonight 🤕🩹 pic.twitter.com/7BTBDk1MiS
— Football Gazette (@FootballGazett1) September 24, 2023
Фудбалерите на ПСЖ името на победникот го решија уште во првото полувреме по кое имаа водство од 2-0. Хаким ја затресе мрежата на гостите уште во осмата минута (1-0), додека во 37 минута Коло Муани зголеми на 2-0.
Рамош, кој влезе во 32 минута на местото на Мбапе беше двоен стрелец, зголеми на 3-0 во 47, а потоа ја тресеше мрежата на противникот и во 89. минута. Ова беше и конечниот резултат на оваа средба.