Мојсов: Редно беше да падне Брегалница, на оваа победа Тиквеш чекаше четири години!

1009

Тиквеш си “гази“.После триумфот над Вардар минатата недела, денеска во Кавадарци падна и Брегалница. Во супер интересен меч попладнево во Кавадарци, Тиквеш победи со 2:1. И тоапо пресврт, ако се знае дека „сините“ имаа водство од 0:1.

Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов не го криеше своето задоволство и за “СпортСпорт“ веднаш по мечот истакна:

„Па, редно беше да падне и Брегалница.Оваа победа ја чекавме четири години, ете толку невмавме трумф на овој тим. Морам да кажам дека победивме силен тим, а Тиквеш и не играше како што знае. Но понекогаш е важно и кога не играш најдобро, е да имаш среќа и да освоиш три бода. Во секој случај честитки за момците на оваа победа“ изјави Мојсов.

ПретходноСупер Бојан: Миовски со два гола и асистенција за Абердин! (ВИДЕО)
СледноСтоле и Рајо со бод против Виљареал! (ВИДЕО)