Пораз број пет за Вецлар во Бундес-лигата

62

Една недела по првиот пораз во новата сезона, Вецлар се врати на старите патеки. Тимот чиј дел се Филип Миркуловски и Филип Кузмановски го запиша петтиот пораз во Бундес-лигата, откако на гостувањето кај Хамбург беше совладан со 30-25.

Вецлар се држеше во првото полувреме, дури имаше и водство од еден гол. По последните 9-10 влезе во кризни минути, а тоа максимално го искористи противникот, со серија од 4-0 поведе со 13-10. Вецлар на одморот намали на 13-12, но повторно имаше периоди кои го оддалечија од шансата да дојде до втора победа. Хамбург со серија четири гола поведе со плус седум (24-17), доволно за да зачекори кон триумфот.

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски постигна еден гол од три обиди, имаше и две асистенции.

Вецлар е последен на табелата со скор од една победа и пет порази

ПретходноЕмини повторно стрелец во победата на Сондерјиске
СледноБез победник на големото лондонско дерби, Ливерпул слави, Челзи тоне како Титаник (ВИДЕО)