Сити го сака младиот напаѓач на Милан кој дал 384 гола на 86 натпревари

704

Според пишувањата на „Калчо меркато“ Манчестер Сити му удрил мерак на 15-годишен фудбалер на Милан кој прави „лом“ во младинските лиги на Италија. Се работи за Франческо Камарда кој има импресивни бројки зад своето име во младите категории. Напаѓачот постигнал 483 гола на само 86 натпревари пред да наполни 13 години.

Изминатата недела Милан го совлада Њукасл со 4:0 во младинската ЛШ, а Камарда дебитираше во ова натпреварување со два гола и една асистенција. Тој стана најмладиот италијански фудбалер кој дал гол во младинската ЛШ.

Неговиот импресивен ефект го свртело вниманието на луѓето од Манчестер Сити. „Граѓаните“ сакаат Камарда да продолжи да се развива во нивната академија. Истото го сака и Борусија Дортмунд кој постојано се потпира на млади фудбалери, нешто слично како што го прави Ајакс.

Но и Милан има свој планови. „Росонерите“ сакаат да ја продолжат соработката со перспективниот напаѓач. Според информациите на „Калчо меркато“ од клубот веќе закажале состанок со него и неговите родители идниот март кога ќе наполни 16 години за да го продолжат договорот со подобри услови.

ПретходноКавадарци повторно на нозе, доаѓа Брегалница!
СледноШампионот го дочекува својот редовен “пациент“!