Македонските каратисти Емил Павлов, Берат Јакупи и Викторија Јовановска освоија сребрени медали на Балканското првенство во карате кое се одржува во Тирана, Албанија. Емил Павлов и машкиот ката тим се закитија со сребрени медали за сениори, откако во борбата за златниот медал Павлов загуби од Ненад Дуловиќ од Црна Гора, а ката тимот во финалето беше поразен од селекцијата на Црна Гора.
Претходно, Фахик Весели освои бронзен медал исто како и Петар Заборски, а Викторија Јовановска се закити со сребро, додека Вероника Костовска со бронзен медал. Христаки Давитковски во конкуренција на ветерани освои злато.
Берат Јакупи го совои третото сребро за Македонија на Балканското карате првенство за сениори, а женскиот кумите тим третата бронза. Јакупи во финалето загуби од српскиот каратист Ѓорге Тешановиќ со минимален резултат 0-1.