Фудбалерите на Јувентус се поразени од Сасуоло со 4:2 во петтото коло на италијанската Серија А одигран во Реџо Емилија. Домашните заслужено слаеа, додека гостите од Торино се фрустрирани. Дел од играчите на Јувентус имаа катастрофален меч, пред се Шчесни кој е директен виновник за водството на Сасуоло, а потоа и Гати бидејќи го постигна еден од најбизарните автоголови во историјата на Серија А.
Тренерот Макс Алегри не беше задоволен од изданието на своите играчи и порача дека на идниот меч мора добро да се подготват и да не дозволат нов пораз.
„Гати направи грешка и ќе прави уште во кариерата. За Јувентус има околу 30 натпревари. Тој мора да остане смирен. Неговата грешка беше грда за гледање, но тоа и не влијаеше многу врз конечниот резултат“, изјави Алегри.
Алегри во 76 минута го замени и Душан Влаховиќ, а Србинот бурно реагираше после оваа одлука.
„Имаше неколку добри ситуации и не ги искористи. Не беше баш добар неколку дена во неделата. Се на се мечот не беше добар ни за него, ни за останатите“, изјави Италијанецот алудирајќи на тоа дека Србинот лошо тренира.
„Сега мораме да замолчиме и добро да се подготвиме за Лече, бидејќи тие се еден од двата непоразени тима, заедно со Интер. Во последно време околу тимот владее еуфорија. Од четврток само слушам како Јувентус треба да ја освои титулата. Сепак, тоа не е нашата цел. Нашата цел е да завршиме во топ 4, што нема да биде лесно. Мораме да бидеме подготвени да страдаме за победа на секој натпревар. Ние не сме тим што лесно се менува. Загубивме грда игра и сега треба да се собереме и да се вратиме на победите во вторник“, изјави тремерот.