Алкалоид лесно ги реши битолчани за перфекција!

325

Алкалоид ја запиша и третата победа во низа во Супер-лигата откако го совлада Пелистер 2 со 40-29. На овој начин македонскиот вицепрвак остана на врвот на табелата во групата А. Со перфектен скор.

Битолчани на стартот на мечот поведоа со 2-3, по што избраниците на Кирил Лазаров со серија од 5-0 дојдоа на плус четири (7-3). Најголемата предност која домаќинот ја имаше во првото полувреме беше девет гола (23-14). На одморот битолчани намалија на 23-16.

За кратко време во вториот дел, Алкалоид со два гола во низа зголеми на први двоцифрени 26-16, а потоа ја имаше полесната задача. Битолчани беа немоќни, па негативата се зголемуваше, дојде на 34-21. Лазаров одлучи да одмори дел од носителите на играта и да им даде шанса на оние што добиваат помала минутажа.

Џонов и Митев со по седум гола беа први стрелци, Петковски имаше шест гола. На другата страна Маркоски имаше шест гола, еден помалку запиша Трпчевски.

ПретходноНејмар прави проблеми во Ал Хилал
СледноРашфорд го искрши својот Ролс Ројс синоќа но не е повреден (ВИДЕО)