Артуро Видал, некогашниот фудбалер на Интер и Јувентус и уште неколку европски клубови даде свој коментар по мечевите од 1.коло од групната фаза во ЛШ. Тој сега игра за Атлетико Параненсе во Бразил, но ги гледал мечевите од ЛШ посебно оној меѓу Милан и Њукасл.
На тој меч италијанската екипа имаше 25 шутеви кон гол од кои девет во рамките на голот.
„Го изгледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите. Тоа е оној меѓу Милан и Њукасл. Будалите од Милан ме повредија. Имаат среќа што сите знаат да трчаат. Од Њукасл ми се гади. Не го разбирам, беше четврти во првенството и мораше да ризикува и да направи нешто во првиот натпревар“, изјави Видал.
„Одличен меч беше Порто-Шахтјор. Сити беше здодевен како и секогаш. Ми се допадна второто полувреме од мечот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Во првото заспав“, вели Чилеанецот.