ГРК Тиквеш преку Струга до „три од три“

104

ГРК Тиквеш и Струга го затворија третото коло во групата А. Кавадарчани се вториот тим после Алкалоид од ова друштво кое по три кола има исто толку победи. Ракометарите на Тиквеш на домашен терен ја совладаа Струга со 27-22, ова беше меч во кој немаше неизвесност.

Домашниот состав дуелот го отвори со 7-2, водеше со 11-6, на одморот позитивата беше 14-10.

Во вториот дел гостите на на двапати дојдоа на минус еден (19-18 и 21-20), но немаа сили за пресврт. Кавадарчани секогаш имаа одговор и брзо го згаснуваа секој обид на противникот да го сврти текот на мечот во друг правец.

Мајкиќ и Симиќ беше двоецот за победа кај ГРК Тиквеш, двајцата постигнаа по шест гола, четири имаше Стефановиќ. Во редовите на Струга, која го запиша вториот пораз оваа сезона, Бугариновиќ со осум погодоци беше прв стрелец на натпреварот.

ПретходноНеверојатно: Њукасл со победничка “осмица“ на гости кај Шефилд! (ВИДЕО)
Следно„Лавиците“ од Ѓорче Петров го растурија Тиват со 21 разлика во ЕХФ Купот