Денеска е мадридското дерби – „Метрополитано“ ќе го урне рекордот на посетеност

138

Атлетико Мадрид неодамна го зголеми капацитетот на својот стадион „Метрополитано“, односно во текот на летото беа додадени уште 1,846 столчиња што значи дека сега стадионот може да прими преку 70,000 гледачи. Оваа сезона најголема посетеност беше мечот меѓу Атлетико и Гранада на отворањето на сезоната и на трибините имаше 56,164 гледачи.

Сепак, апсолутниот рекорд по посетеност на стадионот се очекува денеска кога „јорганџиите“ ќе играат со локалниот ривал Реал Мадрид. „АС“ информира дека сите билети за мечот се распродадени што значи дека на трибините ќе има преку 70,000 гледачи што ќе биде најголема посетеност на овој стадион.

Атлетико влегува во дуел со скор од пет победи од пет меча во Ла Лига, но и реми со Лацио во Рим во ЛШ. Исто така ќе игра без неколку фудбалери кои се повредени. Бариос, Лемар, Де Паул, Витоло и Сојунџу се вон стројот.
Реал доаѓа со скор од пет победи и едно реми во Ла Лига, но и победа над Унион на отворањето на ЛШ. Кај Реал недостасуваат повредените Карвахал, Куртоа и Милитао. Белингем кој се пожали на повреда ќе биде во тимот.

Meчот се игра во недела со почеток од 21:00 часот.

 

Претходно„Дијамантот“ слави 24. роденден, се надеваме со гол и победа против Болоња
СледноКејн: Си ја земав топката од мечот, сега одам на Октоберфест