Еден час за Адеми во голеадата на Динамо Загреб

418

Екипата на Динамо Загреб без проблем освои нови бодови во хрватскиот шампионат, на гостински терен славеше со 5-1 во рамките на деветото коло. Во почетниот состав на „модрите“ се најде повратникот и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, кој одигра 63 минути, по што беше заменет.

Во составот на Динамо Загреб и натаму надвор поради повреда е Стефан Ристовски, кој мечот го гледаше од трибини.

За домашниот тим, Рудеш едно полувреме доби Андреј Лазаров.

„Модрите“ лесно ги освоија бодовите, максимално ја искористија својата доминантност, во првото полувреме постигнаа два гола, додека по паузата од 48. до 58. минута ја наполнија мрежата на противникот со три гола.

Динамо е трет на табелата со 16 бода исто колку и Ријека, лидер е Хајдук на Алекс Трајковски.

ПретходноНавивачка на Шефилд зеде да чита книга, не можеше да го гледа срамот (ФОТО)
Следно“Гори“ на “Ванда Метрополитано“: Мората уште во 4.минута го “тресе“ Реал Мадрид, веќе е 2:0!(ВИДЕО)