Емини повторно стрелец во победата на Сондерјиске

140

Македонскиот интернационалец Сефер Емини постигна еден од погодоците за дански Сондериске во новата победа на данскиот второлигаш во тамошното првенство. Денеска Сондерјиске во чии редови стартери беа двајца наши интернационалци, Емини и Николов, славеше со 4:3 на гостувањето кај Хелсингор обезбедувајќи нова победа за искачување на 2. место на табелата.

Емини погоди во 6. минута од мечот за водство на гостите од 1:0 со што го најави атакот на нови три бода. Ова беше трет негов гол сезонава.

Николов, кој досега има два гола оваа сезона во дресот на Сондерјиске, беше стартер но беше заменет во 70. минута.

Кај домашните пак погоди Ферхан Хасани.

ПретходноХаос на Маџари: Васоски “поцрвене“ по дуелот со судијата Стојанов!
СледноПораз број пет за Вецлар во Бундес-лигата