Интер не запира: Димарко со евро-гол за нова победа на „нероаѕурите“ (ВИДЕО)

147

Фудбалерите на Интер ја продолжија фантастичната серија на стартот од сезоната во Серија А. Денеска во првиот меч на програмата, Интер со 1:0 славеше на гости кај екипата на Емполи.

На Емполи не му помогна ниту смената на тренерот по дебаклот против Рома (0:7) и остана со празни раце и по ова коло, со тоа што и натаму фудбалерите на Емполи немаат постигнато гол.

Одлуката падна во 51. минута, со извонредниот гол на Федерико Димарко, кој со волеј ја смести топката во домашниот гол.

Интер има максимални 15 бода на врвот на табелата.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноБезеки победи на првото историско ГП на Индија
СледноОд Каменица Саса прашуваат: Зошто судијата не го прекина мечот со Башкими?