Кавадарци повторно на нозе, доаѓа Брегалница!

335

По минатонеделниот спектал на мечот со Вардар, денеска Тиквеш одново ќе игра меч за сите вкусови. Од 15 часот во меч од 8.коло, на Градскиот стадион во Кавадарци се среќаваат Тиквеш и Брегалница. Тоа се два тима кои се лути ривали, барем во последните неколку години уште од времето кога играа во ВМФЛ, лути ривали им се и навивачките групи “Лозари“ и “Фаланга“. И двете екипи располагаа со квалитетни состави, и двете екипи играат добро, се разбира дека трибините ќе бидат полни, ете ги сите предуслови за одличен фудбал, за нов спектакл, за фудбалски мераци.

May be an image of 4 people, people playing football, people playing soccer and text

Тиквеш можеби е во мала предност и тоа само поради тоа што игра дома. Моменталната форма не гарантира ништо однапред. А традицијата вели дека “сините“ се во предност. Тиквеш “сонува“ да ја победи Брегалница точно четири години, а и тогаш славеше под Исарот а не дома.

Во последно време, односно во изминатите шест години, овие две екипи одиграле 17 меѓусебни мечеви. Во нив Тиквеш победил само на два, шест завршиле без победник а на девет славела Брегалница.

Претходно„Супер Макс“ e број 1 на „Сузука“, титулата за Ред Бул
СледноСити го сака младиот напаѓач на Милан кој дал 384 гола на 86 натпревари